Апстракти

ПОДНЕСУВАЊЕTO НА АПСТРАКТИ ЗА ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ

Поднесувањетo на апстракти за постер презентации се врши електронски, со користење на формуларот што се наоѓа подолу на страницта.

Главни теми на Симпозиумот се:
1. Респираторни проблеми кај новородени деца
2. Кардиолошки состојби во неонатологија
3. Исхрана и метаболизам кај новородено
4. Неонатална хематологија и жолтици
5. Инфекции и имунизација кај новородени деца
6. Перинатологија и прематуритет
7. Неонатална неврологија и следење на новородени со ризик
8. Хируршки состојби во новороденечка возраст

Апстрактите треба да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.
Не треба да содржи повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат и содржината на апстрактот, и максимум 5 клучни зборови.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучуваат следните поднаслови:

ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ и ЗАКЛУЧОК

Апстрактот треба да биде напишан во Word документ (со двете верзии, Македонски и Англиски јазик, во еден документ), кој што и се поднесува со формуларот за пријава на апстрактот.

Постер презентациите ќе се изведуваат исклучиво електронски на LCD екрани. и поради тоа презентациите треба да бидат направени како Пауер Поинт (power point) презентации, и тоа 16:9 format, со максимално до 5 слајда.

Апстрактите за постер презентациите, задолжително мора да бидат напишани на Македонски и на Англиски јазик.

  • За сите одобрени ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ќе донесе Научниот одбор
  • КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ за ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ Е ДО 01.10.2024 ГОД.
  • КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИ АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ: 07.10.2024 ГОД.
  • Во книгата на трудови, ќе бидат одпечатени само оние апстракти кои автори има платена котизација. Авторите кои немаат платено котизација, апстрактот нема да им биде отпечатен и нема да можат да го презентираат

НАПОМЕНА:

КОРИСТЕЊЕТО НА СОПСТВЕНИ ЛАПТОПИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ, НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО.

Заради непрекинато одвивање на сесиите, како и проверка од вируси и други проблеми, СИТЕ презентации ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА БИДАТ ДОСТАВЕНИ ДО ОРГАНИЗАТОРОТ МИНИМУМ 24 часа пред денот на предавањето.

ПОДНЕСЕТЕ ГО АПСТРАКТОТ ЗА ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ!

Закачи фајл* (само doc/docx документи)

Внеси го кодот!

captcha